57 - годишен скопјанец е загинатиот планинар на Олимп

М.Г. (57) од Скопје е загинатиот планинар на планината Олимп во Грција, информираат од Министерството за надворешни работи.

Според првичните информации, М.Г. на стотина метри пред планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ изгубил рамнотежа и паднал во бездна.

Утре во Солун ќе биде извршена обдукција на телото на М.Г. по што ќе се знае повеќе за причината на губењето на рамнотежата. Се претпоставува дека М.Г. добил срцев удар. Противпожарни екипи и полиција на Литохоро учествувале во извлекување на телото.

Во групата од Македонија биле деветмина планинари.