53 војници брои новата класа доброволци во Армијата на Република Македонија

53-ца војници брои новата класа доброволци во Армијата на Република Македонија. Тие вчера ја положија свечената заклетва која ги обврзува на почитување на воените правила.

Доброволоното служење воен рок трае три месеци.. Во овој период кандидатите се запознаваат со основните воени вештини.. Тие се прв услов за вклучување во професионалната армија.

Обуката за младите војници опфаќа теоретски и практичен дел.

Задолжителното служење воен рок е укинато пред 16 години. До сега три месечната воена обука ја поминале над 3 илјади доброволци.