Многу работи во бракот се комплексни и комплицирани и од секој маж и жена бараат многу труд и знаење за да се одржи една нормална, квалитетна врска. Со цел врската да таре, да биде содржајна и двајцата партнери да бидат среќни во неа ова се 50-те СОВЕТИ ЗА ЖЕНИТЕ:

1. Цени го тоа што го прави за тебе.

2. Насмевни му се секогаш кога ќе му се обратиш. 

3. Поддржувај го сопругот во тоа што го работи, дури и ако воопшто не се разбираш во тоа.

4. Не го земај здраво за готово секој гест што твојот сопруг ќе го направи.

5. Кажи му понекогаш благодарам за тоа што ќе го направи за тебе.

6. Обиди се да го разбереш дека датумите не се најважната работа во светот.

7. Не го обвинувај својот сопруг дека тој е тој што секогаш дава помалку.

8. Тоа што понекогаш ќе заборави да ти купи цвеќе не значи дека не те сака.

9. Не му замерувај што често не е дома, сигурно има причина.

10. Не очекувај сопругот да "ти ги чита мислите". Обиди се да му кажеш што навистина чувствуваш или сакаш...

11. Никако не го пипкај неговото апаратче за бричење или жилетот.

12. Не давај примедби на количината на пивото што ја испил по некој повод.

13. Мевот на твојот сопруг е негова лична работа. Тој е среќен и кога е дебел. Чудно, но вистинито...

14. Не скокај на него ако задоцни пола час, ден или недела во некоја обврска... Времето за мажите е навистина релативна работа.

15. Не го прашувај "Како можеше тоа да го направиш ??. Често пати ни тој не ги знае сите одговори.

16. Не се обидувај да го промениш. Тој не ни сака да биде совршен.

17. Верувај во него, дури ни кога тој сам не верува на себеси.

18. Почитувај го својот сопруг, но и неговите татко и мајка, братот, снаата, а посебно неговите ортаци.

19. Гледај го својот сопруг со восхит, како што некогаш вообичаено си го гледала.

20. Немој да се лутиш ако некогаш во поминување ве штипне за...Тоа го прави затоа што те сака, а не да те одвлече во кревет.

21. И тој како и ти не сака секс на брзина !

22. Бакни го сопругот кога ќе се вратиш од работа.

23. Никако и никогаш не му ги превртувај џеповите.

24. Никогаш не му кажувај дека сопругот на... е многу подобар сопруг од него. Тоа му ја уништува самодовербата. 

25. Обиди се да ја разбереш неговата љубов кон фудбалот. Само храбри луѓе навиваат за нашата фудбалска репрезентација.

26. Не барај од него да ти ја објасни разликата помеѓу Лигата на шампионите и Купот на УЕФА.

27. Боксот е навистина племенита вештина. Само што ти како жена не разбираш.

28. Не го прашувај постојано каков е ручекот. Ако молчи и јаде, значи дека му се допаѓа.

29. Кога молчи, не го прашувај постојано зошто молчи. Мажите знаат да молчат без никаква причина.

30. Ако побараш да купи билети за кино, немој да му приговараш што ќе го гледате "Осми патник" по петти пат, па што. Важно ќе излезете заедно.

31. Не му приговарај што постојано носи една иста маица. Всушност тоа се две исти маици.

32. Не го терај да оди со тебе во пазарење кога купуваш гардероба.

33. Никогаш не го прашувај колку изгубил во кладилница. Не заборавај дека понекогаш и добива.

34. Не ја викај комшиката на кафе кога на телевизија има фудбалски натпревар.

35. Кога е во прашање неговиот автомобил, мобилен или компјутер, ништо не е доволно скапо. А колку чини една твоја посета на фризер, козметичар или лифтинг?

36. Немој да ја споменуваш неговата мајка, посебно не во негативен контекст.

37. Ако се скарате со својот сопруг немој веднаш да раскажуваш наоколу. Што има врска што таа ти е најдобра другарка !

38. Не мораш во друштво да се пофалиш дека тој самиот си ги испрал чорапите или си ја испеглал кошулата.

39. Кога вози, не коментирај за тоа како вози. Никако и никогаш. 

40. Би можела барем понекогаш да му ги испареш чорапите.

41. Немој да дозволиш да се чувствува како твој личен возач, шетач, носач, вратар, и се тоа само затоа што си женско.

42. Потруди се да бидеш онаква каква што те запознал!

43. Ако некогаш ти се допаѓала неговата тродневна брада, сега немој да приговараш дека те гребе.

44. Никогаш не ја врти главата ако сака да те бакне.

45. Не мора постојано да му кажуваш дека го сакаш. Ќе биде задоволен и ако само му го покажеш тоа.

46. Постојано биди свесна за тоа дека тој сака да се грижи за тебе.

47. Биди сигурна дека на својот сопруг си му убава и без шминка.

48. Немој да бидеш агресивна кон својот сопруг.

49. Немој да му се дереш за било која причина додека сте во автомобил и додека вози.

50. И КОНЕЧНО, САКАЈ ГО ОНАКОВ КАКОВ ШТО Е !