Дали некогаш ви се случило да се изнервирате поради нечие непријатно однесување? Дали понекогаш сте се разбудиле во текот на ноќта мислејќи на таа личност? Или пак, дали сте се вратиле дома, разговарајќи со блиските за таа личност?

Негативните луѓе често окупираат многу простор во нашиот живот. Нивното токсично однесување мошне лесно може да заземе дел од нашето време и енергија, и тоа многу повеќе отколку заслужуваат.

Без оглед на тоа дали работите со токсична личност или пак имате личност во своето друштво која е таква, важно е да ги препознаете знаците дека таа личност одзема голем дел од вашата енергија, за да знаете како да реагирате.

Зборувате многу за нив

Исфрлувањето на вашите фрустрации, не го ослободува вашиот бес. Всушност, истражувањата покажуваат дека колку повеќе зборувате за нешто, толку повеќе масло додавате на огнот. Колку повеќе зборувате за нечии лоши навики или грубо однесување, толку повеќе моќ и давате на таа личност. Да не споменуваме дека 60 или повеќе секунди од вашиот живот ги поминувате зборувајќи за нечија негативност, што лесно се пренесува и во вашиот став и однесување.

Размислувате за нив кога тие не се околу вас

Размислувањето или повторувањето на нивното однесување е како опасен разговор кој го водите самите со себеси. Тоа повторно значи дека им давате моќ. Колку повеќе време поминувате размислувајќи за нив, толку повеќе од вашето време им посветувате.

Дури и размислувањето за следната средба со нив го има истиот ефект. Во својата глава правите проекција на тоа како би поминала средбата, а тоа значи дека повторно трошите дел од своето време на нив.

Им дозволувате да ви го ограничат животот

Дали сте слушнале како си велите “роденденската забава ќе беше поубава без нејзиното присуство?“ Тоа значи дека таа личност го намалува вашето уживање и забава. Тоа значи дека таквата личност ви го ограничува животот.

Им дозволувате да ги контролираат вашите емоции

Ако сте фрустрирани и лути поради нечие несоодветно однесувањето, тоа е нормално. Но, воопшто не е здраво доколку тие имаат контрола над тоа како се чувствувате. Не дозволувајте ниту една личност да има негативен ефект над вас, за што ќе ви бидат потребни неколку часа за да се смирите. Силните емоционални и физиолошки реакции се знак дека некој има голема контрола над вас.

Дозволувате негативно да влијаат на вашето однесување

Да се биде окружен со негативност, може да придонесе до тоа : ако не можеш да ги победиш, придружи им се. Ако тие луѓе се некултурни и тоа е причината поради која не ги сакате, многу лесно можете и вие да станете некултурни кон нив, затоа што тоа е начинот на кој тие функционираат. Но, не дозволувајте начинот на кој се справувате со нив да влијае на останатите аспекти од вашиот живот.