5 знаци дека го изневерувате

Ако ги приметите овие 5 работи, тоа е предупредување дека не сте задоволни во својата врска, и дека можеби треба да си ги преиспитате мотивите за останување во истата.

Добро, можеби е во прашање само мала "авантура" во вашата глава, или можеби навистина сте заљубени во друг маж! Затоа обрнете внимание: Во мислите, другиот маж (е многу конкретен).

Кога ќе се разбудите наутро, мислите на него, а навечер заспивате со истите мисли. А на крајот, признајте дека во текот на целиот ден мислите на него, дури и кога треба да се фокусирате на други работи. Е тоа се вика заљубеност.

Му праќате пораки
Ова е еден показател дека премногу ви е важно, му пракате пораки повеќе на него отколку на својот партнер. Запрашајте се.

Се радувате на средбите
Ја користите секоја прилика за да се видите со него, дури и ако значи откажување на веќе договорена средба со пријателите.

Го споредувате вистинскиот со имагинарниот дечко
Размислувате како се однесува и што сака да прави, па го споредувате со вистинскиот ваш партнер. Тоа се однесува на сите аспекти, од изгледот па до животните начела.

Фантазирате за него
Ако само еднаш сте се прашале како се бакнува, дали е нежен или страствен, тогаш да знаете дека ја прејдовте границата на емотивна измама.