5 животни лекции кои ги научивме од Малиот принц: Никогаш не го заборавајте детето во вас

Малиот принц е книга која ја засакуваме уште од првите редови на читањето. Нејзината моќ лежи во тоа што ни помага да се потсетиме на вредностите на животот. 

Од средбата на пилотот со Малиот принц, до нивното раздвојување секоја приказна има длабоко значење и поука која може да ни помогне да се соочиме со животните тешкотии и дилеми, но и да го промениме погледот на светот.

Ова се 5 лекции кои можеме да ги научиме од неа.

Мораме повторно да се поврземе со детето во нас

Нараторот ни раскажува за малиот принц кој како дете нацртал змија која проголтала слон, но возрасните на цртежот гледале само обичен шешир. 

Кога ќе пораснете или остарете, не дозволувајте да ја заборавите детската фантазија и креативност. Возрасните преферираат бројки и практични идеи, но не заборавајте секоја ситуација да ја согледате подлабоко и да погледнете под површината. Не бидете пасивни и не градете ѕидови околу себе. Само така, ќе го откриете животното богатство.

Ценете ги малите задоволства и немојте да бидете премногу сериозни

На својот пат, малиот принц запознава бизнисмен кој целиот свој живот ги набљудува галаксиите и ги брои ѕвездите. Среќен е поради тоа што ја знае својата работа, но неговиот живот е тажен и монотон. Тој во ѕвездите гледа бројка, но поради таквото ограничување не е во состојба да ја види сета убавина.

Почнете да уживате во малите нешта кои ги носи животот. Имате само една шанса да живеете, па живејте добро.

Секогаш најдете време за себе, тоа е клучот за среќа

На петтата планета која ја посетува малиот принц, секој ден трае 1 минута. Таму тој запознава личност која е задолжена за палење и гасење на лампионите. Тој никогаш немал време за спиење.

Ценете го секој момент кој го имате. Бидете свој најдобар пријател. Кога ви се спие, спијте. Кога ви се плаче, плачете. Живејте го животот така како што вие сакате.

Имајте храброст да истражувате

На шестата планета, малиот принц запознава сериозен господин кој пишува обемна книга. Тој помислува на тоа дека сериозниот истражувач е веројатно сведок на многу интересни ситуации и случки, но дознава дека не излегол никогаш од својата канцеларија.

Многу од нас се плашат да излезат од сигурната зона во која го живеат животот. Полесно е да се биде во познатото и да не се ризикува. Но, нашата цел на овој свет е да го истражуваме непознатото и да доживееме различни искуства, запознавајќи нови луѓе.

Очите се слепи, треба да се гледа со срцето

Малиот принц на својата планета има роза која сака со своето срце. Во средба со другите рози, тој докажува дека неговата роза е единствена и дека сака бидејќи неговото срце ја избрало неа. 

Само желбата на срцето може да донесе радост. Никогаш не одете против своето срце, бидејќи тогаш ќе го изгубите најважното нешто – ќе го изгубите чувството за љубов.