5 топ фитнес совети од Бојан Тодороски

Бојан Тодоровски е професионален фитнес тренер од Скопје. Освен што живее здраво и секојдневно тренира, тој може да ви помогне при персоналнизарани тренинзи, специјализирани диети и комплетни тренинг програми.

Од денес почнуваме со низа совети за тоа како да го подобрите своите изглед и како своето тело да го донесе во добра состојба. Повеќе информации и совети може да погледнете на неговиот инстаграм профил и фејсбук профил.

Јадењето здрава храна и грижата за себе никогаш не излегува од мода. Не постои такво нешто како магична храна што може да ве направи здрави преку ноќ. Вежбањето и здравата исхрана одат заедно, бараат константност и посветеност. Добра фитнес исхрана треба да содржи секаков вид на храна во помали количини, за да се задоволи побарувачката на еден организам. 

Бојан Тодоровски ви претставува 5 намирници со кои ќе достигнете побрз резултат:

1. Вода

  - Пиењето вода е здраво и тоа е општо познато. Водата е извор на живот и неопходна за функционирање на целиот организам. Нашето тело лачи голема количина на пот, со што преку тоа се исфрлаат штетните материи и топат килограми, но недостатокот на вода може да биде доста лош, така да водата е нашиот најголем пријател.  Се препорачува дневен внес од 2 – 3 литри за фит и здраво тело.

2. Јајца

  - Спакувани со висококвалитетни протеини и бројни клучни витамини и минерали, јајцата го снабдуваат вашето тело со цврсти количини на здрави масти, кои се корисни за губење маснотии. Без разлика дали вашата намера е да изградите мускул, да се ослободите од вишокот килограми или да бидете фит и здрави, тие можат да ја играат главната улога во балансот на вашата диета да ви помогнат во достигнување на вашата фитнес цел.

3. Месо (риба,  пилешко, телешко)

  -Оваа храна е најдобриот извор на протеини и содржи голема количина на хранливи материи. Тие обезбедуваат есенциални масни киселини како омега 3 и омега 6, доста битни за изградба на фит тело и добра форма. Протеините се најбрз начин за изградба на мускулна маса, топење маснотии и добивање на тело какво што посакувате.

4. Овошје

  -Овошјето е преполно со витамини, минерали и влакна. За време на еден оброк пропуштаме многу основни хранливи материи. Сето тоа може да се надокнади со јадење на една мала порција овошје заедно со вашиот оброк. Секогаш избирајте свежо овошје наместо конзервирано. Уживајте во најдобриот подарок од природата и искористете ги нивните погодности и здравствени придобивки во полза на вашето тело.

5. Зелен чаj

 -Зелениот чај како омилен кај фитнес ентузијастите е одличен додаток во секојдневието. Го забрзува метаболизмот за 80% што предизвикува вашето тело да согорува повеќе телесни масти од вообичаено, посебно во абдоминалната област, односно мастите ги конвертира во енергија.