5 тивки знаци кои покажуваат дека повеќе треба да се грижите за своето тело

Некогаш можеби се трудите да живеете и да се храните здраво, но вашето тело сепак се соочува со проблем. Постојат знаци кои покажуваат дека повеќе треба да се грижите за своето тело.

Заборавеност

Можеби мислите дека добро сте се наспале, но сепак се будите мамурни и тешко ви е да станете од кревет. Излегувате од дома без паричник, наочари и клучеви. Можеби тоа е заборавеност која доаѓа со обврските или годините, но ваквите ситуации можат да бидат показател и за нешто посериозно, особено ако се повторуваат. Една од причините за т.н. ментална магла е хормоналната нерамнотежа која придонесува за когнитивните проблеми. Кај жените, тоа може да биде знак и за проблеми со тироидната жлезда.

Иако ви е неверојатно, ваквиот проблем може да се јави и поради проблеми со цревните бактерии. Со оглед на тоа дека тие се поврзани со нашиот мозок, подобра исхрана може да придонесе за бистрина и концентрација.

Низок сексуален нагон

Родителството, долгите години во врска или брак, сите тие може да се причини кои влијаат на половите односи, односно незаинтересираноста за нив. Меѓутоа, ако воопшто немате желба за секс, можеби проблемот е во вашите хормони. Хормоналниот дисбаланс освен намалување на сексуалната желба може да придонесе и за депресија, дебелеење, па дури и срцеви тегоби.

Голем стрес

Постојаниот стрес може навистина да го наруши вашето здравје. Тој го зголемува нивото на кортизол, кој претставува хормон на стресот и тогаш се чувствуваме тешко и депресивно. Тоа влијае на нашите когнитивни способности. Освен тоа, високото ниво на стрес придонесува и за таложење на килограмите, а сето тоа пак може да придонесе за намалена самодоверба, фрустрација и намалена енергија.

Постојана поспаност

Квалитетниот сон е клучна компонента за нашето здравје. Ако се борите со несоница подолго време, разговарајте со доктор, кој ќе знае да ви помогне дали ви се потребни одредени тестирања за да се открие причината за несоница.

Грчеви во нозете

Во денешно време, многу луѓе минуваат време пред екраните. Ако тоа значи дека често ви се случуваат грчеви во нозете, внимавајте. Можеби ви недостасува магнезиум, а можеби пак станува збор за некаков вид на срцева аритмија.