5 ресторани во кои можете да пробате традиционална кујна од различни краеви на светот

Мексикански ресторан „Амигос“

Љубителите на зачинета и лута храна, подготвена според традиционалните мексикански рецепти. Можност да се вкусат голем број различни вкусови, маестрално помешани за гурманско уживање. Лоциран во самиот центар на Скопје, на улицата „Македонија“. Пријатен амбиент преку ден, а навечер, вистинско чувство како да сте во Мексико. Многу луѓе, позитивна атмосфера и што е најважно многу вкусна храна. Ресторанот е познат во Скопје по гостопримливоста и позитивниот дух на персоналот.
Цените пак, се слични со вкусот на традиционалната мексиканска кујна, но квалитетот на услугата и амбиентот компензираат.

Азиски ресторан „Пекинг Гарден“

Нуди огромен избор на најпознатите и највкусни азиски јадења. Иако името Ве наведува дека „Пекинг Гарден“ е исклучиво кинески ресторан, во него се служат и познатите јапонски деликатеси. Храната ја подготвуваат врвни готвачи од Кина. Ресторанот се наоѓа на самиот плоштад „Македонија“, односно каде што улицата „Максим Горки“ се спојува со него. Амбиентот е типично азиски, но сепак современ, релаксиран и друштвен, погоден и за прослави и за деловни состаноци.

Турски ресторан „Наргиле“

Лоциран на вистинското место, Старата скопска чаршија, орјенталниот ресторан инспириран од истокот. Турските специјалитети, гостопримство и начин на уживање. Приказната започна како мало кафуле, во делот од чаршијата во кој денес има голем број други локали. Набргу потоа, „Наргиле“ прерасна во ресторан во склоп на кој денес функционира и хостел кој го носи истото име. Амбиентот го прават незаборавен традиционалните турски инструменти. Особено фактот дека народот од нашето поднебје дели нераскинлив културен сегмент со турската култура со сигурност ќе го стави „Наргиле“ на вашата листа омилени дестинации.

Пицерија „Костарика“

Традиционална италијанска кујна, голем избор на пици, тестенини, омлет и салати. На самиот влез во Градскиот парк, прекрасно место како за ручек, така и за уживање во утринското кафе. Пријатен амбиент со прекрасна музика. Особено погоден за семејни прослави. Цените се достапни, а квалитетот на високо ниво. Покрај стандардното италијанско мени, интересен избор на морски плодови, од кои панирани лигњи се најозборуваните.

Ресторан „Рагуза“

Медитеран во срцето на Скопје. Именуван според еден од најубавите градови на Јадранот. Медитеранска кујна и морски плодови. Препорака на домќините е Орада на далматински начин и Тава Рагуза. Одличен амбиент за секаков вид на пригоди. Прочуен по организирањето на свадби, но и одлична опција за деловен ручек. Ресторанот се наоѓа во зградата на ССМ.