5 психолошки факти кои навистина треба да ги знаете!

Проучувањето на човековиот ум е една од најкомплицираните, но и најинтригнтни области за истражување и ова е вака уште од 19 век, кога психологијата се одвоила од филозофијата и станала посебна наука. Технолошкиот напредок ни помогна да научиме многу работи за мозокот, но се уште сме само на површината.

Во продолжение прочитајте 5 психолошки факти кои истовремено се многу интересни, но можат да бидат и многу корисни.

1. Ако им ги кажете вашите цели на другите луѓе, помали се шансите да ги постигнете затоа што ќе изгубите мотивација.

Или барем така велат истражувањата. Уште од 1933 година, истражувањата покажуваат дека откога зацртаните цели ќе се споделат и кажат гласно, луѓето помалку имаат ентузијазам за да ги остварат. Ова се случува затоа што споделувањето на целите доволно го задоволува идентитетот на поединецот за да не мора да ја врши напорната работа за да ги оствари тие цели.

2. Омилените песни на луѓето секогаш се поврзани со некој емотивен настан во нивните животи.

Општо е познато дека музиката има директно влијание на чувствата и нашите умови. Неодамнешно истражување на студенти покажало дека исто како и мирисот и други сетила – омилените песни не потсетуваат на моменти од минатото.

3. Ќе бидете посреќни доколку трошите пари на искуства, а не на материјални работи.

Среќата станува се поинтересна тема за обработка и истражување во психологијата. Истражувањето во ова поле вели дека луѓето често жртвуваат работи што ги прават среќни, како патувања и слично, само за да можат да купат нешто.

4. Децата во денешно време се понапнати во споредба со децата од порано.

Средношколците имаат ист степен на анксиозност како и просечен психијатриски пациент во 50-тите години на 20-ти век.  Околку 49% од луѓето страдаат од анксиозност, депресија или користење на алкохол и дрога. Постои доказ дека луѓето се повеќе и повеќе стануваат анксиозни. Постојат многу теории за тоа зошто е ова вака, а најчестата теорија е дека луѓето почесто се селат, помалку комуницираат, менуваат работни места и помали се шансите да стапат во брак и најчесто сами го поминуваат слободното време.

5. Ако се опкружите со среќни луѓе и вие ќе бидете среќни.

Ново истражување покажува дека стресот и среќата се подеднакво заразни и дека колку повеќе сте опкружени со луѓе кои се под стрес или кои се среќни, тие многу ќе ви влијаат да бидете такви како нив. Затоа, бирајте мудро.