5 природни производи кои ќе ве направат помлади

Во последно време, голем дел од луѓето се насочуваат кон природата и природните производи, кога станува збор за здравјето, благосостојбата и убавината. Многу од тие нешта не мораме да ги купуваме, туку веќе ги имаме во кујната.

Домат

Ова е омилениот зеленчук за нашите салати. Ставете кругчиња свеж домат на вашето лице и по 20 минути ќе добиете хидрирана, свежа и убава кожа која ќе ги смири воспалителните процеси кои се одвиваат во вашата кожа.

Компир

Компирот помага во подобрување на тенот на кожата, но има одлична улога и во борбата против брчките. Маската од компир може секојдневно да се става на лицето во комбинација со лимон или без него.

Лимон

Лимоновиот сок е идеален тоник за чистење на кожата и изедначување на тенот, кој исто така ги отстранува и  пегите предизвикани од стареењето. Сепак, со него треба да се биде претпазлив особено кога станува збор за чувствителната кожа. Најдобро е тој да се разреди со вода.

Краставица

Свежата краставица успешно помага во борбата против воспаленијата на кожата и обезбедува младешки изглед и виталност. Неколку пати неделно наредете кругчиња краставица на вашето тело и оставете ги да отстојат околу 10 минути.

Мед

Најдобар начин да ја омекнете кожата на природен начин е употребата на медот. Освен тоа, тој ја поттикнува и регенерацијата на клетките и придонесува за намалување на брчките. Можете да го нанесете на кожата како чит мед или во комбинација со цимет.

Маслиново масло

Маслиновото масло е еден од најдобрите природни производи за кожата, па може да се додаде во сите природни маски или пилинзи за лице. Тоа придонесува за мека кожа, помалку брчки и одличен сјај на кожата.