5 причини зошто го обожаваме кафето

Овој текст е за љубителите на кафето. Оние кои го почнуваат денот со шолја кафе и кои го обожаваат неговиот добар вкус, но и мирис.

5 причини зошто го обожаваме кафето:

Нѐ прави среќни

Не зборуваме само за неговиот прекрасен вкус и кофеинот. Кофето буквално нѐ прави среќни, преку стимулирањето на лачењето на серотонин и допамин, хормони кои ја поттикнуваат среќата и доброто расположение.

Нѐ прави побистри

Кафето го буди нашиот ум, забрзувајќи ги нашите рефлекси, подобрувајќи го нашето внимание, зголемувајќи го фокусот и подобрувајќи ги помнењето и логичното резонирање. Истражувањата покажуваат дека 3-5 шолји кафе дневно го намалуваат ризикот од деменција и Алцхајмер за 65 %.

Ја намалува болката

Овој топол напиток кој го обожаваме ја намалува болката во мускулите и другите делови од телото за 48%.

Го штити срцето

Холандските и јапонските истражувачи во рамки на нивните истражувања кои опфатиле повеќе од 76000 луѓе докажале дека умереното пиење кафе го штити нашето срце, односно доколку умерено конзумираме кафе имаме за 38% помали шанси да заболиме од кардиоваскуларни болести.

Го штити црниот дроб

Пиењето само 1 шолја кафе дневно го намалува ризикот од заболување од цироза.