5 причини зошто ги сакаме родените во септември

Ни дојде септеври – првиот есенски месец и ни донесе повеќе дожд, потопла облека, есенски мириси, но и родендени на оние кои се родени во овој месец.

Ова се 5 причини зошто ги сакаме родените во септември.

Шармантни личности

Тие се одлични и шармантни личности, директни се и знаат да ги убедат другите. Уникатни се и забавно е да се биде покрај нив. Ако имате пријател роден во овој месец, знаете за што зборуваме.

Имаат отворен ум

Тие се фини личности со отворен ум, кои воопшто не се напорни. Тие се едни од луѓето кои најмалку осудуваат и кои секогаш ги почитуваат вашите ставови и верувања. Затоа, ако ви е потребен искрен и разумен совет за нешто, секогаш можете да им се обратите.

Уживаат во малите нешта

Како лабави личности, тие навистина се среќни од мали нешта. Сакаат комплименти, изненадувања и интересни спонтани дружења и секогаш се благодарни за тоа. Исто така, ништо не земаат „здраво за готово“ и ги ценат сите луѓе кои ќе влезат во нивниот живот.

Премногу размислуваат

Често знаат да ги изнервираат своите блиски бидејќи премногу размислуваат и анализираат. Никогаш не носат одлука без да ги проверат сите алтернативи и да размислат за сите чекори од нејзината имплементација. Размислуваат за милион можности и за „што би било ако би било“.

Перфекционисти

Сакаат се да имаат под контрола и се да се одвива според начинот кој тие го замислиле. Не прифаќаат половични нешта и никогаш не им простуваат на луѓето кои вложуваат само малку напор а очекуваат нешто да излезе совршено. Тие се посветени на совршеноста и даваат се од себе за да ја постигнат.