5 правила со кои ќе намалите 3 килограми за една недела без диети

Само малите промени на навиките можат да направат чудо за вашето тело…

Доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми не е неопходно да се изгладнувате и да правите исцрпувачки вежби. Доволно е само малку да ги промените вашите навики и да воведете некои новoсти и многу брзо ќе ги забелжите резултатите.

Овие пет правила ќе ви помогнат полесно да дојдете до целта.

1. Пред секој оброк напијте се две чаши вода – освен што ќе имате привремено чувство на ситост, оваа количина на течност ќе го забрза вашиот метаболизам. Доколку не сакате обична вода, слободно во неа додадете малку лимон.

2. Првиот оброк треба да ви биде јогурт со ленено семе или уште подобра варијанта наместо јогуртот е кефирот – ваковиот појадок ќе ви ги прочисти цревата и ќе ви овозможи брзо согорување на масните наслаги.

3. Пред главниот оброк изедете половина грејпфрут – ова овошје е одлично средство за забрзување на метаболизмот, а со самото тоа помага и при елиминација на масните наслаги.

4. Јадете полека и џвакајте добро – на овој начин побрзо ќе почувствувате ситост и полесно ќе ви се свари храната.

5. Докажано е дека е најдобро да имате повеќе оброци кои количински ќе бидат помали – ова ќе ви донесе брз метаболизам и витка линија, обидете се да го избегнувате лебот и слатките, јадете по две овошја во денот, а неограничено уживајте во зеленчукот.

Нормално, тешко е веднаш да се придржувате до сите правила, па за почеток можете да усвоите половина, па по некое време да ги усвоите сите.

Килограмите ќе се топат на здрав начин и без гладување.