5 одлични причини секојдневно да консумирате лубеница

Со малку калории и моќна способност за хидратација, лубеницата носи уште многу предности за вашиот организам.

Убаво оладената лубеница е одлично освежување во летните денови, но за нејзините нутриционистички вредности не се размислува многу.

Експертите истакнуваат дека лубеницата покрај тоа што е вкусна, таа исто така е нискокалорична но и многу здрава. Лубеницата сега е силно застапена на пазарите, па вие искористете ја таа можност и консумирајте ја секојдневно.

1. Има малку калории, неверојатно е хидратантна и богата со витамини – Една чинија лубеница има само 46 калории, но содржи околу 20 проценти од дневната потреба на организмот од витамините А и Ц и 5 проценти од дневната потреба за калциум.

2. Лубеницата ја прочистува крвта – Дали знаевте дека ова слатко и освежително овошје може да делува како тоник во крвта? Да, лубеницата има освежувачки ефект и ефект на подмладување врз телото и делува како совршен тоник на крвта.

3. Природна заштита од сонце – Лубеницата е богата со ликопен, а ликопенот и помага на кожата во брзата адаптација при УВ зрачењето, па така има голема важност за заштита на кожата од сонцето.

4. Отстрнување на надуеност – Задржувањето на водата во телото може да ви направи да се чувствувате подуено и непријатно. Познато е дека лубеницата го поттикнува исфрлањето на течностите и на тој начин го ублажува овој проблем. Лубеницата исто така делува и како диуретик и лаксатив.

5. Лекува депресија – Лубеницата помага во зголемувањето на расположението и со самото тоа ја ублажува депресијата.