5 нешта кои никој не ни ги кажува за пријателствата

Денес живееме во време кое ги фаворизира и романтизира врските и љубовта како најдобрите искуства кои можеме да ги доживееме. Но, за голем дел од нас пријателствата се најважното нешто на светот, бидејќи со помош на пријателите успеваме да се смееме, да бидеме подобри личности, но и да ги победиме проблемите кои ни доаѓаат како дел од живеењето. Постојано гледаме фотографии за весели пријателства на социјалните мрежи и слушаме ветувања за вечни пријателства. Но, пријателствата не се секогаш совршени.

Ова се 5 нешта кои никој не ни ги кажува за пријателствата.

Новите познанства бараат напор и посветеност

На училиште беше лесно. Некој ќе ни пристапеше и веднаш ни стануваше пријател. Но, како што поминуваат годините, сè потешко е да се стекнат нови пријатели.  Тешко е да најдеме луѓе со кои ќе се поврземе на вистински начин и со кои имаме вистински интереси.

Вистинските пријателства успеваат и на далечина

Постојат многу глупости поврзани со врските и пријателствата на далечина и тие дефинитивно бараат напор, но некои од најдобрите пријателства кои ги имаме се со луѓе кои не живеат во истиот град или држава со нас. Не треба да заборавиме на оние кои се отселиле и веќе не ни се во близина. Напротив, треба да вложиме напор за да направиме тие пријателства да успеат и покрај далечината.

Не се сите пријателства вечни

Колку и да звучи лошо, дел од пријателствата изумираат со текот на годините. Понекогаш се развиваме на различен начин, а понекогаш едноставно ги надминуваме пријателствата и пријателите. Прекинувањата на пријателствата се тешки како и раскинувањата, но тие се дел од животот.

Не морате да ги сакате оние кои тие ги сакаат

Ова е една од најтешките вистини кои ги учиме низ животот, а дел од нас никогаш не успеваат да ги научат. Воопшто не мораме да ги сакаме луѓето кои тие ги сакаат, но потребно е да се потрудиме да ги прифатиме поради нив. Не треба да биде наша грижа нивниот избор, туку само да сме тука за нив кого и да одлучат да сакаат или отфрлат од својот живот, затоа што не се сакани.

Секое пријателство е различно

Секој однос кој го градиме со луѓето во нашиот живот е различен, па така и секое пријателство. Не можеме да се водиме од една норма или стандард. Треба да прифатиме дека пријателствата се различни, а впрочем и ние ги правиме такви со нашите карактеристики и пристап.