5 навики кои со кои ќе си го смените животот на подобро

Големите промени не го менуваат животот. Малите навики имаат моќ да го направат тоа.

Бенџамин Харди објаснува дека најголем дел од луѓето кога би можеле да изберат меѓу 100000 долари и 1 долар секој ден кој се зголемува двојно секој следен месец, би ја избрале  првата варијанта. Тоа е очекувано, но и погрешно бидејќи според него, втората варијанта носи повеќе пари на долг рок.

Сепак, доколку сакате различен живот за година или две отсега, треба да почнете сега и да почнете со мали чекори.

Изберете комфор во иднината наместо комфор сега

Тоа значи дека важно е да мислите на иднината. Иако патувањата и убавата облека се убави, сепак тие не не прават долго среќни. Затоа, потрудете се да штедите за да можете да си дозволите нешто поголемо, нешто што ќе ве направи многу среќни на подолг рок.

Бидете поодговорни

Не глумете зафатени. Ако некој ви испрати порака, одговерете. Ако некој ве викне на кафе, појдете. Одговарајте на меиловите така како што ги добивате. Тоа го намалува стресот и ви дава мирно живеење.

Не реагирајте на сите нешта околу вас

Немате обврска да реагирате на сите нешта кои се случуваат. Луѓето се такви какви што се, некогаш условите не се најдобри, но тоа не значи дека морате да се нервирате за сите работи. Размислувајте и реагирајте само на оние работи за кои имате влијание да ги промените.

Исполнете си ги своите основни потреби

Вие не сте машина, туку потребно ви е исполнување на некои основни потреби. Не ги игнорирајте знаците на вашето тело и ум. Не си дозволувајте да „изгорите„ па потоа да го гасите огнот, туку реагирајте на време. Бидете присутни и грижете се за себеи.

Научете да кажете „не“

Не морате да се согласувате на се и сешто за да им угодите на луѓето, бидејќи колку и да им велите „да„ никогаш нема да им угодите целосно. Потрудете се на се што ќе се согласите да не биде спротивно на вашите вредности и принципи и да ви носи убаво чувство.