5 најголеми грешки кои ги правиме после јадење

Не е лесно да се ослободиме од навиките кои ги имаме цел живот, но кога тие влијаат врз нашето здравје, треба да се потрудиме да го направиме тоа. Меѓу нив се и следните пет грешки кои ги правиме после јадење, а не би смееле.

1. Легнувате да спиете

Ако легнете откако сте јаделе, ќе го натерате желудникот премногу брзо да ја вари храната, што може да предизвика непријатност и проблеми со спиењето. Не сте единствените (всушност спаѓате во мнозинството) ако ви се приспива после јадење, но обидете се да му одолеете на сонот и немојте да легнувате барем два часа откако сте јаделе. Најдоброто нешто што можете да го направите за себе после оброкот е да појдете да прошетате некаде.

2. Палите цигара

На многу пушачи големо задоволство им е да запалат цигара после јадење, но тоа е голема грешка. Откако сте јаделе, на телото му е потребно време за да ја свари храната, а пушењето сигурно нема да му помогне во тоа. Имено, никотинот се врзува за вишокот кислород потребен за варење, па поради тоа телото ќе апсорбира уште повеќе канцерогени материи од вообичаено.

3. Одите да се истуширате

Кога се тушираме, протокот на крв во телото се менува бидејќи крвта сака побрзо да допре до површината на кожата за организмот полесно да ја поднесе промената на температурата. Тоа значи дека ќе се намали количината крв која помага во варењето на храната, а тоа може да го забави процесот на варење или да предизвика лошо варење на храната.

4. Јадете овошје за десерт

Не велат нутриционистите залудно дека овошјето е најдобро да се јаде за појадок, односно на празен стомак. Освен тоа што шеќерот од овошјето ќе ви ја даде потребната енергија за новиот работен ден и обврските, ќе избегнете и лошо варење на храната кое може да биде предизвикано ако јадете овошје за десерт. Со оглед на тоа што за варење на овошјето се потребни други ензими, овојшето најдобро е да се јаде на празен стомак за максимално да се апсорбира во организмот. Ако јадете овошје веднаш после оброкот, тоа нема да може правилно да се вари бидејќи ќе се измеша со другата храна која претходно сте ја изеле.

5. Вежбате по јадењето

Треба да почекате барем два часа после јадењето за да одите на вежбање. Оставете ја храната да слегне и така ќе избегнете можен гастричен рефлукс, икање, гадење, па дури и повраќање.