5 начини да бидете креативни во кујната користејќи Битолски ГУСТ јогурт

Покрај тоа што Битолскиот густ јогурт е суперхерој во секојдневната исхрана поради своите хранливи карактеристики и богатството на минерали и витамини, тој е одличен додаток на различни видови храна. Интересните рецепти и различните комбинации со големиот број јадења го прават густиот јогурт незаменлив дел од кујната.

Во продолжение ви претставуваме 5 рецепти за здрави и вкусни оброци кои може да се приготват со Битолски густ јогурт.

Вкусен и лесен колач со јогурт, вишни и чоколадо

Идеален рецепт за овие студени денови кој ќе ви ја исполни во целост потребата за благо. Сите состојки се мерат во шолја и нема потреба да користите вага или друго средство за мерење. Битолскиот густ јогурт е тајната состојка која го прави овој колач неодоливо вкусен. 

  • 2 јајца
  • 1 и пол шолја (250 мл) шеќер
  • 2 шолји брашно
  • ½ шолја масло
  • ½ прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 шолја јогурт
  • 1 шолја изрендано чоколадо
  • 1 шолја вишни (може и замрзнати)

Загрејте ја рерната на 180 степени. Измиксајте ги двете цели јајца со шеќерот додека не добиете пенеста структура. Додајте ванилин шеќер и половина чаша масло и продолжете со миксање. Намалете ја брзината на миксерот, па наизменично додавајте ги брашното, прашокот за печиво и густиот јогурт. Потоа во смесата ставете го изренданото чоколадо и измешајте. На крај прелијте во калап, распоредете ги вишните и печете околу 30 минути на 180 степени.

Освежувачка јогурт-салата

Битолскиот густ јогурт е совршен за салати поради неговата крем-структура која беспрекорно добро ги соединува сите состојки.

  • 2 варени јајца
  • 1 чешне лук
  • 1 свежа краставица
  • 250 мл Битолски густ јогурт
  • неколку ливчиња рукола
  • прстофат сушен копар
  • прстофат сол

Сварете ги јајцата и исечкајте ги на ситно во сад. Излупете ја краставицата и исечкајте ја на ситно во чинијата, а потоа додајте ги лукот и руколата на ситни парчиња. По желба посолете, додајте копар и на крај сето тоа прелијте го со густ јогурт. Измешајте ја салатата и оставете јогуртот да ја соедини. Пред служење изладете ја во фрижидер, а потоа уживајте во оваа вкусна салата.

Едноставни погачки со јогурт кои веднаш ќе сакате да ги пробате

Овие погачки се совршени кога дома ќе ве изненадат гости, кога планирате да поканите поголемо друштво за да гледате некој натпревар или, пак, организирате домашна забава. Одличниот додаток на овие погачки е оригиналниот вкус на Битолски густ јогурт. 

  • 2 шолји брашно
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1  шолја Битолски густ јогурт
  • ½ шолја Битолско млеко
  • 1 прашок за печиво

Во поголема чинија измешајте ги сите состојки. Доколку смесата е ретка, додадете уште малку брашно, доволно за да можете тестото да го одвоите од чинијата. Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее. Попрскајте брашно на работната површина и истресете го тестото. Обликувајте поголем круг со дебелина од еден прст. Со чаша или модла за крофни вадете кругови. Ставете ги погачките на плех обложен со хартија за печење. Печете 15 минути на 180 степени. По желба, за сервирање на погачките може да користите и Битолска павлака.

Здраво замрзнато совршенство со јогурт и банани

За ова мало здраво замрзнато совршенство, коешто децата, но и возрасните го обожаваат, ви требаат само 3 состојки. Секако, главната состојка во овој одличен рецепт е Битолски густ јогурт.

  • 2 банани
  • 1 шолја малини (може и друго слично замрзнато овошје како вишни или јагоди)
  • половина шолја Битолски густ јогурт

Во блендер измиксајте ги сите состојки. Во зависност од густината, може да додадете уште банана. Добиената смеса прелијте ја во сад и ставете ја во замрзнувачот. По неколку часа извадете го десертот, сервирајте го во чинија и по желба прелијте со сируп од малини, вишни или јагоди.

Смути со јогурт и боровинки за рамен стомак

Смутито не е само тренд на денешнината, туку станува збор за здравје во чаша, освежување, здрава ужина, па дури и комплетен оброк. Смутито е креативна и слободна кулинарска креација која со вкусниот Битолски густ јогурт го подобрува здравјето и ни ја дава потребната енергија наутро, бидејќи здравиот појадок води до урамнотежена исхрана и витка линија. 

  • 2 јаболка исечени на помали парчиња
  • 1 и пол шолја Битолски густ јогурт
  • 1 банана
  • половина шолја боровинки
  • 1 портокал
  • мед по желба

Ставете ги сите состојки во блендер и убаво измиксајте. Уживајте во вкусниот и здрав појадок.

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја веб-страницата www.bimilk.mk или фејсбук-страницата на Бимилк.