5 моќни закони на кармата кои ни го менуваат животот

Кармата е нешто во што можеме да веруваме или не, но која има свои закони по кои функционира.

Закон на љубовта

Кармата има значење и цел, а тоа се однесува и на полето на љубовта. Законот на љубовта вели „ ако дадете безусловна љубов, автоматски успевате да се кренете над стравот, а тоа понатаму ви овозможува нежност и љубов и од другата страна“.

Закон на енергијата

Сите нешта во универзумот се дел од енергијата. Енергијата која ја имаме во себе е само почетна точка. Таа се проширува постојано на сите нешта и луѓе околу нас. Затоа и е важно каква енергија испраќаме кон другите, но и какви луѓе имаме околу себе.

Закон на балансот

Поентата на живеењето е во постојаното поставување баланс. Сите нешта се дел од  јинг-јангот. Секој неуспех е можност за успех, секој успех носи до некои неуспеси.

Закон на причините и последиците

Секој ефект има своја причина. Секоја причина создава некаков ефект.Тоа значи дека сите нешта кои ги имаме во нашиот живот се резултат на конкретна причина. Тоа исто така значи дека работите кои ги правиме во моментот ќе ни донесат ефекти базирани на нив.

Закон на неутралноста

Овој закон истакнува дека не сме центар на универзумот. Тој не избира фаворити на кои им обрнува поголемо внимание. Универзумот е неутрален, тој ги поврзува луѓето на свој начин.