5 лекции од разведените двојки

Добриот брак се темели на отворена комуникација и на пријателски однос, но при тоа не треба да се заборави на страста и на грижата за себе. Учете на грешките на другите и зачувајте го својот брак!

1. Запознајте и сакајте се себеси 

Стравот од самотија ги запира луѓето да се посветат на себеси, на кариерата или на хобито. Колку повеќе работите на себе ќе бидете задоволни од себе и вашата среќа нема да зависи од партнерот.

2. Внимавајте на комуникацијата 

Добрата комуникација е клуч на здравиот однос. Научете отворено да зборувате со партнерот за парите, семејството, животниот стилот, односно за се.

3. Бидете пријатели

Иако хемијата е важна, страста по одредено време исчезнува. Добрата врска се гради на пријателство и на меѓусебно почитување.

4. Уживајте во малите работи 

Малите работи во врската се важни колку и големите бидејќи покажуваат дека и понатаму ви е важно. Цвеќето, чоколадото или само и пораката за добра ноќ на партнерот ќе му покажат дека вашата љубов и понатаму е силна.

5. Не заборавајте на сексот 

Сексот е неизоставен дел од брачната среќа, што го потврдија многубројните истражувања, но и разведените двојки. Ако бележите колку често имате односи – тоа значи дека не консумирате секс доволно.