5 книги кои ќе ви го променат животот

Познатиот сајт Ranker. com постојано прави листа на најдобрите филмови, серии, професии и тн. Една од последните анкети беше поврзана со книгите кои имаат моќ да ни го променат животот.

Алиса во земјата на чудата

Алиса во земјата на чудата е дело на математичарот и логичар Чарлс Латвиџ Џонсон, познат под неговиот псевдоним Луис Керол. Ова дело има различни толкувања од страна на многу луѓе, пред сѐ поради начинот на којшто е напишано. За книгата неодамна беше направен и филм.

Големиот Гетсби

Големиот Гетсби е книга напишана во 1925 година, каде главниот лик претставува еден од најтрагичните ликови во светската книжевност. Ова е книга за храброста, богатството и огромната љубов кон една жена по име Дејзи.

Фаренхајт 451

Критичарите на Њујорк Тајмс за ова дело рекоа дека е застрашувачко во своите импликации. Книгата е за прв пат објавена во 1953 година и за многумина е книга која целосно ги променила нивните животи.

Животинска фирма – Џорџ Орвел

Оваа книга напишана од Орвен во 1945 година претставува модерна басна за политиката и државното управување кое е уништено од страна на непоправливите човечки маани со нивното доаѓање на власт. Оваа книга го опишува политичкото минато, сегашност и иднина на сите држави.

Господар на прстените

Оваа трилогија за која беше снимен и филм со огромна заработка, но и голем број на Оскари. Богата со интересни приказни за хобитите, шумите, моќта, пријателството, добрината и злото е омилена на многу луѓе ширум светот.