Имате сомнеж во себе дека личноста со која сте во врска ве изневерува, но можете да си го потврдите тоа? Овие 5 знаци ќе ве доближат до вистината.

Страв

Иако никој не сака да му чепкаат по работите, луѓето кои  изневеруваат особено се плашат од тоа. Тие никогаш не го оставаат телефонот во ваша близина и се преплашени од тоа дека ќе бидат откриени.

Искомплексираност

Оние кои се несигурни во врска со својот изглед почесто би изневериле отколку оние кои се сигурни во себе. Тоа е докажано со помош на повеќе истражувања, чии податоци покажуваат дека со изневерувањето тие би се чувствувале помоќно.

Нарцисоидност

Ова е спротивно од искомплексираноста. Оние личности кои се многу сигурни во себе, нема да ја пропуштат шансата да ве изневерат. Ним им недостасува сочувствителност и луѓето околу нив ги гледаат како објекти. Себеси си се најважни и не се замараат многу за другите луѓе.

Недостаток на интимност

Ако интимноста ја снема во врската, тогаш голема е веројатноста дека тие изневеруваат.

Постојан флерт

Едно е да се биде љубезен, но друго е да се флертува со секоја личност во нивно друштво. Тоа не мора да значи дека ќе бидете изневерени, но внимавајте на знаците.