5 фрази кои манипулаторите ги кажуваат за да мислите дека проблемот е во вас

Постојат многу луѓе кои многу лесно и суптилнo манипулираат со другите и тоа на начин со кој другите мислат дека проблемот е всушност во нив, а не во манипулаторот. Тие секогаш знаат како да го обликуваат својот карактер и да ве убедат дека се она што вие сакате да бидат. И добри се во тоа.

Ова се само некои од фразите кои манипулаторите ги користат за да мислите дека до вас е проблемот (а реално не е), а тие се невини душички.

Премногу анализираш

Секако дека постојат луѓе кои премногу ги анализираат ситуациите. Разликата е во тоа што кога станува збор за манипулаторите, вие ретроспективно ќе откриете дека цело време сте биле во право. Тие намерно прават работи кои имаат за цел да се чувствувате параноично. Кога ќе почнете да чувствувате некакви сомнежи, тие ќе ве обвинат дека премногу анализирате. Но, по некое време ќе ја откриете вистината. Тие сакаат да се сомневате во својата интуиција и поради тоа да се чувствувате лошо, а потоа ќе ве обвинуваат поради тоа што се чувствувате лошо.

Мразам драми

Сепак, наскоро ќе сфатите дека околу нив постојано се случува некаква драма. Тие прво ќе ве идеализираат и ќе ве стават над сите, фалејќи ја вашата совршена, мирна и едноставна природа. Но, нив тоа им е досадно и нема да трае долго. Тие се патолошки лажговци, сериски измамници и вечни жртви. За кратко овие карактеристики ќе почнат да излегуваат на површина и ќе предизвикаат големи забуни. Секојпат кога ќе спомнете загриженост или незадоволство, тие ќе ви кажат дека „мразат драми“ и ќе направат да се чувствувате лошо поради нивното лошо однесување.

Многу си чувствителен/чувствителна

Манипулаторите создаваат чувства во другите луѓе. По константното расфрлање со фалби и ласкања, тие ќе ве игнорираат неколку дена и ќе ја чекаат вашата реакција. Кога ќе реагирате, ќе ве обвинат дека сте пречувствителни. Ќе ве навредуваат, омаловажуваат и критикуваат, туркајќи ве до степен да морате да реагирате. А потоа ги користат вашите реакции кои самите ги предизвикале за да ве направат луди.

Не ме разбираш

Ниту еден човечки однос (пријателски, љубов, професионален) не е имун на недоразбирања. Но, кога сте во еден таков однос со манипулатори, тие намерно кажуваат работи за да ве испровоцираат. А кога ќе реагирате, тогаш тие ќе го свртат тоа против вас и ќе ве обвинат дека не ги разбирате. Дури и ќе негираат дека рекле нешто такво. Факт е дека вие многу добро сте сфатиле што кажале или сакале да кажат, но тие само сакаат да почнете да се сомневате во сопствениот разум.

Ти си луд(а), љубоморен(а), огорчен(а), заљубен(а) во мене

Овие етикети доаѓаат кога работите ептен ќе заминат во лоша насока. Според манипулаторите, сите нивни поранешни партнери, колеги и пријатели се луди, биполарни, љубоморни, огорчени и заљубени во нив.

Единствен излез од сето тоа е прекин на секој контакт. Тоа значи: 0 повици, 0 пораки, 0 мејлови, дури и ни пријателство на Фејсбук. Во спротивно можете да бидете сигурни дека ќе направат сѐ што е во нивна моќ за да направат да се чувствувате луди. Добрата вест е што кога овие луѓе почнуваат да ве вртат против сопствената интуиција, тоа значи дека вашата интуиција им предизвикува неволји. Тие настојуваат психички да го уништат секој човек кој би можел да ја загрози нивната слика на нормални и прекрасни луѓе. Па затоа, кога ќе почнат да играат умствени игри со вас, тоа е нивен начин да ви оддадат чудна чест на вашата способност за забележување на нивните грешки и маани.

cheap nike air max 90