5 домашни маски со белка од јајце, кои ќе ја освежат и подмладат вашата кожа

Со текот на времето нашата кожа добива брчки, но годишните времиња исто така влијаат на нејзината структура и свежина. Сепак, не морате да трошите многу пари на скапи креми и производи, бидејќи убавината доаѓа од природните состојки. Белката од јајце е одлична за постигнување свеж и младешки изглед на вашата кожа, но и за намалување на порите и зацврстување на кожата.

Ова се 5 маски, кои можете да ги подготвите во вашиот дом.

Белка и мед

Измешајте ја белката со 1 лажица мед. Добро измешајте ги состојките, а потоа нанесете ги на вашето лице и врат. Почекајте околу 15 минути. Измијте со студена вода. Оваа маска ја тонира и хидрира кожата, давајќи и младешки изглед.

Белка и јогурт

Измешајте 1 белка со 1 лажица јогурт. Додајте неколку зрнца кафеав шеќер. Нанесете ја маската на вашето лице и врат. Масирајте ја кожата околу 10 минути, а потоа оставете уште 10 минути маската да отстои на вашата кожа и измијте ја. Оваа маска е одлична за ексфолијација на мртвите клетки и зацврстување на кожата.

Белка и овесни снегулки

Измешајте белка од 1 јајце со 2 лажици овесни снегулки. Направете паста и нанесете ја на лицето. Почекајте 20 минути, а потоа измијте го лицето. Тоа ќе и даде свеж изглед на вашата кожа.

Белка и лимон

Измешајте ја белката со 2 лажици лимонов сок. Додадете и неколку капки мед. Убаво измешајте ги состојките и нанесете ги рамномерно на лицето и вратот. Почекајте околу 30 минути и измијте. Оваа маска е одлична за отстранување на темните дамки и мртвите клетки, но и маснотиите на кожата.

Белка и јаболко

Излупете го јаболкото, изрендајте го и измешајте го со белката. Додадете и 1 лажица јаболков оцет. Јаболкото ја ексфолира и омекнува кожата, а белката ја зацврстува. Измијте убаво со студена вода.