5 добри причини зошто треба да пиете јогурт

За појадок, меѓуоброк или десерт, збогатен со свежо или суво овошје или пак засладен со овошен сируп или мед, јогуртот е намирница вредна за восхит. Освен што е лесен и здрав дел од исхраната, тој овоможува многу бенефити за нашиот организам.

Јогурт за витка линија

Јогуртот содржи малку калории. Со внесувањето на јогуртот во организмот внесуваме калциум кој придонесува за намалено лачење кортизол, што понатаму го поттикнува слабеењето и помага во согорување на масните наслаги. Започнете го денот со јогурт и овесни снегулки.

Јогурт за бели заби

Млечната киселина од јогуртот ги штити забите, а калциумот помага тие да ја задржат својата белина. Се препорачува еден јогурт дневно за бели заби.

Јогурт за здравје

Корисните бактерии од јогуртот кои настануваат со ферментацијата, го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми. Денес, многу видови јогурт содржат и посебни видови пробиотици кои помагаат во регулација на варењето или го јакнат имунитетот. Пробиотиците делуваат како природни антибиотици, па затоа и се важни, бидејќи го спречуваат развојот на различни бактерии.

Богат со витамини и минерали

Јогуртот е одличен извор на минерали, витамини и протеини. Само една порција јогурт го збогатува телото со магнезиум, калциум и калиум, но и фосфор, рибофлавин, јод, цинк, но и витамините Б5 и Б12. Јогуртот е важен за контракција на мускулите, но и за нормална работа на нервниот систем.

Јогурт за регулирање на притисокот

Истражувањата покажуваат дека 70% од луѓето дневно конзумираат двојно повеќе сол од препорачаното. Со тек на време тоа придонесува за висок крвен притисок, болести на бубрезите и срцето. Калциумот  калиумот од јогуртот придонесуваат за исфрлање на вишокот сол од организмот и го намалуваат крвниот притисок.