5 битки во кои жените секогаш победуваат

Знаеме дека мажите имаат различен пристап кон конфликтите, за разлика од жените. Мажите неретко се затвораат во себе што знае да биде многу фрустрирачко за жените, а од друга страна пак жените сакаат да анализираат и аргументираат, што исто така ги фрустрира мажите. 

Но, ниту еден однос не е идеален без кавгите, а додека не научиме да комуницираме, и додека не стекнеме доверба во партнерот, некои кавги се неизбежни.

Ова се 5 битки во кои жените секогаш победуваат.

Дали сум здебелена?

Ова е прашање на кое тешко ќе се извлече и најголемиот дипломат на светот. Искрено таа малку е здебелена, но кои зборови да се изберат за да се каже тоа отворено? Истото важи и за нејзиниот нов фустан, нова фризура и тн.

Зошто гледаш во таа девојка?

Колку повеќе мажите се обидуваат да се бранат во однос на тоа прашање, толку повеќе ќе се заплеткаат во мрежата. 

Зошто гледаш порно филмови?

Веројатно ниту едно машко не може да даде совршен одговор на ова прашање. Доколку тој започне дискусија, таа ќе ја однесе во насока дека тој не ужива со неа и му се потребни порно филмовите. Но, тоа што жените мораат да го разберат е дека мажите имаат потреба од порно филмовите, а тоа нема никаква поврзаност со самата врска и уживањето со жената која ја  сака.

Зошто уште имаш фотографии со бившата девојка?

Што да кажат на ова, на мажите им е тешко да смислат задоволувачки одговор. Затоа најдобро е да се ослободат од спорните слики, поради „мир во куќата“.

Зарем ти е позабавно со твоите пријатели?

Ова е опасна зона во која мажите мораат да бидат вистински мајстори. Доколку таа е само малку нервозна или налутена, ништо нема да слушне и разбере на оној начин на кој тоа е кажано.