5 безобразни секс-совети за жени

Поврзете се повторно со вашиот партнер со помош на сексот користејќи ги овие одлични трикови. Оставете некоја од овие идеи во резерва, во случај во иднина повторно да ви затреба ваква помош.

1. Само во чевли

Дури и ако не е заинтересиран за секс, ако се појавите пред него носејќи само чевли, сосема голи, нема да му биде потребно многу време за да се заинтересира. Чевлите ќе го подигнат вашиот задник, а дури и за себе ќе изгледате поубаво од кога било, а тој едноставно нема да може да му одолее на вашиот сексуален чекор. Изберете ги вашите најубави чевли и не ги соблекувајте и за време на сексуалниот чин.

2. Самозадоволувајте се пред него

Додека навечер седите и гледате телевизија, почнете да се допирате и да се галите. Префрлете ја едната нога кон него, потпрете се и подигнете го здолништето, а тој, колку многу и да е загледан во своето шоу, телевизорот одеднаш ќе престане да постои за него. Препуштете се и уживајте, воздивнувајте, но никако не му дозволувајте веднаш да започне да ве допира. Сензуално тргнувајте ги неговите дланки и продолжете да го предизвикувате со поглед. Експлозијата која ќе следи ќе биде незаборавна!

3. „Безобразни“ приказни

Испратете му порака во која ќе му кажете дека сте возбудени и дека одвај чекате да се видите. Или започнете да му зборувате што се’ посакувате тој да ви направи додека заедно се возите од работа до вашиот дом. Може да го побарате и за време на работните часови за да му кажете колку сте возбудени и дека едноставно не можете да престанете да мислите на сексот со него.

4. Куќна помошничка

Купете униформа на француска собарка и фрлете се на работа низ вашиот дом непосредно пред неговото доаѓање дома. Кога ќе дојде, бакнете го и продолжете со средување на домот, но со доза на сензуалност. Ако се обиде да ве предизвика, кажете му дека сепак ќе мора да почека да завршите со чистењето, а при средувањето, користете ја секоја прилика за да ги истакнете своите атрибути или да го збеснете со некој дел од вашето тело чистејќи непосредно до него. Исчекувањето само ќе ја зголеми возбудата.

5. Без гаќички

Кога некаде ќе излезете заедно, едноставно прескокнете ги гаќичките. Дури кога ќе стигнете на договореното место, кажете му дека сте заборавиле да ги облечете. Идеално би било тогаш да одите и во шопинг па да пробате и некоја нова сукња, а додека ја пробувате, тој ќе ве замислува како токму без гаќички стоите позади параванот. Кога ќе се враќате кон вашиот дом, не му дозволувајте уште некое време да го допира долго посакуваниот дел од вашето тело, а кога ќе дојдете дома, едноставно дозволете му сè што ќе посака.