40 непишани правила во секое женско пријателство!

Секоја девојка има најдобра другарка со која ги споделува сите случки, тајни и новости и со која заедно поминуваат низ најтешките и најдобрите моменти. И се разбира секое такво пријателство си има непишани правила. Еве само дел од нив.

1. Никогаш не треба да направиш нешто коешто му штети на пријателството, бидејќи таа личност прави да се чувствуваш добро.
2. Нејзиниот дом е и твој дом.
3. Секогаш ќе бидете тука една за друга, во кој било дел од денот.
4. Секогаш ќе бидете искрени една со друга, затоа што тоа е за ваше добро.
5. Кога сте си на гости, едноставно нема срам.
6. Ќе си кажувате ако имате тоалетна хартија закачена за штиклата, храна во забите или што било што штрчи. Ниту едната од вас не сака другата да се срами во јавност.
7. Нема објавување на грди слики. Ако едната не е излезена убаво на сликата, тогаш сликата не се објавува.
8. Вашето пријателство докажува дека вие можете да бидете најјако дуо. Не се натпреварувате која е подобра. Вие се надополнувате.
9. Си помагате една на друга во создавање нови пријателства.
10. И секогаш сте тука за да си ги ислушате и искажете вашите надежи и соништа.
11. Секогаш кога една од вас има лош ден, другата се појавува на врата со шише вино и чипс.
12. Понекогаш е океј дури и облеката да ви биде синхронизирана.
13. Се предизвикувате една со друга за да не станете мрзливи и да останете мотивирани.
14. Си ги имате видено најлошите делови од вашите карактери и го имате прифатено тоа.
15. Се сакате и покрај вашите маани.
16. Понекогаш дури и чудно ви е тоа колку сте различни, а сепак слични.
17. Секако дека си ги лајкувате постовите на социјалните мрежи.
18. И двете не сакате драми и се држите подалеку од такви глупости.
19. Секогаш кога на едната и е лошо, другата е тука за да и ја држи косата.
20. Никогаш не ви е досадно, секогаш се смеете заедно.
21. Секогаш кога на едната и е потребна придружба за да отиде во кафулето каде што се наоѓа дечкото кој и се допаѓа, другата е подготвена, дури и ако не и се излегува.
22. Се штитите меѓусебно од морничави типови кои не ве оставаат на мир.
23. Се проверувате во текот на денот да видите дали сте добро.
24. Секогаш се осигурувате дека безбедно сте стигнале дома.
25. Заедно се справувате со сите бури.
26. Никогаш, ама никогаш, на ниту една од вас нема да и падне на ум да флертува со дечкото на другата.
27. Се почитувате доволно за да ги знаете границите.
28. Никогаш не е лошо време за танцување.
29. Другарките секогаш ќе си прават друштво во тоалет. И мажите никогаш нема да го сфатат тоа.
30. Никогаш не се замарате за тоа кој плаќа. Ако едната има пари и другата има пари. Никогаш не ги броите денарите и тоа кој колку дал.
31. Одново и одново ќе си ги слушате приказните, иако ги имате слушнато 100 пати.
32. Секогаш сте тука една за друга кога едната има проблем со дечкото.
33. Кога едната е болна, другата е секогаш тука за да помогне ако треба нешто.
34. Никогаш не се озборувате пред други луѓе.
35. Ако слушнете како некој збори лошо, во истиот момент се заземате за неа.
36. Знаете што ја лути и ја прави нервозна, па затоа и внимавате што зборувате.
37. Секогаш одите заедно во шопинг и уживате во тоа.
38. Ако не сакате некаде да одите сами, секогаш другата ќе биде придружба.
39. Се разбирате само со еден поглед.
40. Никогаш не е проблем да си позајмувате облека.