40 години од мојот живот: Научив дека што и да се случи, животот продолжува

Научив дека без оглед на тоа што ми се има случено и колку лошо и да изгледа тоа денес, животот ќе продолжи.

Утре ќе биде подобро.

Научив дека сакам убаво да се однесувам со своите родители и да не се жалам за нивното однесување. Сакам да бидам добар кон нив, пред да ги снема од мојот живот.

Научив дека јас избирам како да живеам. Никој не може да донесува одлуки за мене, бидејќи никој не го живее животот за мене.

Научив дека низ животот треба да одам со верба во себе и љубов кон најблиските. Сите други луѓе се тука па не се. Не остануваат засекогаш.

Научив дека подобро е да сум сам, отколку несреќен со некој друг.

Животот е еден и единствен и не сакам да го живеам во несреќа која сама ја избирам.

Научив дека е лесно да се мрази, но само добрите луѓе можат да разберат и пружат рака кога е потребно.

Научив дека имам уште многу да учам во животот.