4 животни лекции кои можеме да ги научиме од Бетмен

Секој може да биде херој. Дури и оној кој прави нешто наједноставно. – Бетмен.

Кој е Бетмен?

Ова прашање кое се поставува веќе 80 години е прилично едноставно. Бетмен е фиктивен карактер со Брус Вејн во неговата улога. Подоцнежните години од неговиот живот покажуваат кој е навистина Бетмен.

По години патување низ светот, тој решава да го искористи богатството кое го има за да создаде арсенал кој ќе му помогне да го победи злото во светот. Тој има огромен интерес и вештини кои го креираат неговиот карактер.

Ова се 4 лекции кои можеме да ги научиме од Бетмен.

Посветете се себеси на некој идеал

За да го заштити својот идентитет, Брус Вејн понекогаш се однесува арогантно. Голем дел од луѓето ќе се согласат дека тој е арогантен богаташ, но тој всушност донира многу пари за болници, бездомници и други институции.Тој го прави тоа без да се фали за тоа. Лекцијата која може да се научи од него е дека треба да бидеме страствени за нешто што го сакаме и во што веруваме. Тоа е поголемо од секоја личност.

Заштитете ги ние кои не можат да се заштитат себеси

Првичната цел на Бетмен е да ги заштити оние кои не можат да се заштитат себеси. Тој се бори против неправдите, крадците, убијците. Тој го прави тоа бидејќи ја разбира големата болка низ која тие минуваат. Најважната лекција е дека постојат луѓе во светот на кои навистина ни е потребна помош и поддршка од оние кои се посилни од нив.

Употребете го вистинскиот микс на љубезност, сила и добрина

Бетмен е силен карактер. Не е најдобрата личност која постои, но тој има љубезен карактер, со одредена доза на харизматичност, но и ароганција. Тој верува во рехабилитација на криминалците и верува дека сите луѓе можат да бидат добри. Тој верува во добрината на луѓето, без оглед на нивното минато.

Останете приземјени и чесни

Тој е многу богат и ужива во својот живот и удобностите кои тој му ги нуди, но е приземјена и чесна личност. Постојано вели дека не е херој и избегнува да биде етикетиран како херој. Сепак, и покрај тоа е обожаван од луѓето и носи надеж во нивните животи. Лекцијата која можеме да ја научиме од него е дека треба да сме љубезни и фини со сите. Дополнително, треба да веруваме во промената која ја правиме со нашето живеење во овој свет.