4 состојки за да се ослободите од бактериите

Неверојатна комбинација на само 4 состојки кои ќе ви помогнат да се ослободите од бактериите. Делува против реума, инфекции на простата и слични болести предизвикани од бактерии.

Лимон, магоднос, мед и маслиново масло е се што ви е потребно за да го подготвите овој лек.

За почеток, медот набавете го кај проверен пчелар. Лимонот исто така се препорачува да биде домашен, не третиран со хемикалии, но во секој случај добро измиен. Доколку не можете да набавите домашно одгледуван лимон, тогаш пред подготовката лимоните чувајте ги неколку часа во ладна вода, во која можете да додадете малку сода бикарбона. Така измиените лимони, пресечете ги на половина и одстранете ги семките. За магдоносот се однесува истото како и за лимонот. Чист и по можност домашно одгледуван.

Лимон, магдонос, мед и маслиново масло, помешајте ги во блендер, додека не добиете кашаста смеса. Истата, чувајте ја во стаклена тегла и во фрижидер.

Од лекот се консумира по една супена лажица, пред доручекот и вечерата. Лекот е направен од природни состојки што значи дека може да го консумираат и деца и трудници, со разлика што дозата треба да биде помала, односно по една кафена лажица.