4 принципи поради кои Скандинавците се најсреќните луѓе на светот!

Во речиси сите истражувања за среќата, можеме да видиме дека Данска, Норвешка и Шведска се вбројуваат во најсреќните народи. Скандинавците следат неколку принципи поради кои секој ден уживаат во животот.

Сите можеме нешто од овие народи и да бидеме малку посреќни. Еве ги нивните принципи:

Скромност и почит кон другите

Во овие држави постои таканаречениот „Закон на Џанте“, збир од правила кои зборуваат за однесувањето кон поединците:

~ Нема да мислиш дека си нешто посебно.
~ Нема да мислиш дека си добар како нас.
~ Нема да мислиш дека се попаметен од нас.
~ Нема да се убедуваш себеси дека си подобар од нас.
~ Нема да мислиш дека си поважен од нас.
~ Нема да мислиш дека знаеш повеќе од нас.
~ Нема да ни се смееш.

Иако Скандинавците се исмеваат со овој закон, сепак помага при создавање на пријателско и солидарно општество. Скромноста и почитта кон другите е многу ценета. Овој закон ги обесхрабува луѓето да бидат арогантни и фалбаџии.

Прават баланс помеѓу работата и приватниот живот

Скандинавците знаат колку е важно да се посвети време на семејството. Повеќето луѓе во Данска си одат дома во 17 часот. И речиси никогаш не работат прекувремено. Во Шведска, некои компании го имаат намалено работното време на 6 часа, со цел да поттикнат поголема продуктивност и среќа. Семејствата често одат во паркот, играат спортови и патуват со нивните роднини.

Семејни собири покрај огништето

Во Данска, постои еден предобар збор кој означува удобна атмосфера и уживање во добрите работи во животот со пријателите и семејството и се вика: „hygge“. Седењето покрај оганот за време на ладна вечер, носејќи топол џемпер, пиење вино и јадење вкусна храна, опкружени со свеќи. Тоа е дефинитивно „hygge“ и е дефинитивно нешто коешто сите можат да го искусат и да научат од него. Hygge се врти околу солидарноста, удобноста, поддршката и вниманието од вашите најдраги и најблиски.

Реални очекувања

Во нејзината книга „Среќен како Данец“, Малене Рајдал зборува за клучот на среќата кај Скандинавците. Една од најважните тајни за посреќен живот е способноста да се постават реални очекувања, но да не престанете да сонувате и да имате амбициозни цели.

Споредувањето со другите нема да ви помогне да бидете посреќни. Ние генерално имаме обичај да се споредуваме со другите луѓе кои ни излегуваат на нашиот ѕид на социјалните мрежи. Сепак, овие споредби придонесуваат за нашата несреќа. Престанете да се споредувате со другите и бидете среќни за тоа што го имате.

nike air max 1 sale