Денес, скоро сите како постојано да зборуваат за здравото живеење и физичките активности. Секој одбира различни вежби кои различно одговараат на неговиот карактер. Некои одбираат скапи теретани, а други пак едноставни вежби.Но, како да знаеме кои вежби носат најдобри резултати? Кој пристап е најдобар?

Најдоброто решение е сепак едноставно, не ви е потребна скапа членарина, ниту пак скапа „фенси“ храна. Ова се едноставни вежби кои моќно делуваат на вашето тело и ќе донесат резултати за само 4 недели.

1. PLANK

Оваа вежба е една од најефективните, но и една од најпотценетите вежби. Таа делува на рамењата и рацете, но и на стомакот. Сепак, треба да се изведе внимателно, бидејќи може да предизвика болки во кичмата. Целта е да се остане во истата положба без да се поместат задникот и половината.

2. PUSH-UPS

Оваа вежба е одлична за целото тело, бидејќи има ефект на секој мускул. Почнете во Plank позиција, а потоа туркајте го целото тело. Додека го правите тоа, одржете права линија на грбот, задникот и нозете. Спуштете се на подот и повторете неколку пати.

3. SQUATS

Оваа вежба ќе ги зајакне нозете и задникот. Стапалата треба да бидат поставени едно до друго.

4. BIRD-DOG

Оваа вежба е одлична за истегнување, но и за рацете. Исправете ја  левата рака напред, а десната нога позади и останете така неколку секунди, а потоа вратете ја раката и ногата. Повторете така и во обратна позиција.