Мажите и изневерувањето – тема која никогаш нема да биде досадна. Некои изневеруваат од хоби, некои само затоа што сакаат да видат какво е чувството, некои се заљубиле... Која и да е причината, ова се најчестите места на кои го прават тоа.

Кафуле, диско, клуб

Ова е најчестиот избор за повеќето мажи. Самата атмосфера чини чуда, а во клубовите изневеруваат дури и тие кои немале таква намера. Музика, алкохол, пригушени светла... На некои тоа им е доволно.

На работа

Аферите на работа веќе се сметаат за „вообичаени“. Понекогаш дури и станува збор за сериозна врска, некогаш тоа е избор затоа што е едноставно, а лесно се разоткрива.

Момачка вечер

Многу мажи кои ги слават последните часови „слобода“ на својот пријател. За ваквите случаи се снимани и филмови, такашто ова е еден од најчестите стереотипи за изневерување.

Социјални мрежи

Толку едноставно и достапно. Се почнува со лајкови, коментари, па четување, а што следи понатаму зависи до околностите. Социјалните мрежи се совршен терен за почетокот на изневерувањето.