4 лаги кои треба да престанете да си ги кажувате себеси

Животот ни носи различни ситуации и тој не е онаков каков што го гледаме во филмовите или читаме во книгите. Секој од нас живее различно и се соочува со различни ситуации, но постојат лаги кои постојано си ги кажуваме. Треба да престанеме да го правиме тоа.

Животот е битка која ја водиме против другите луѓе.

Се соочуваме со различни ситуации и проблеми, и различни луѓе со нив. Но, на нас останува како ќе реагираме на нив. Да, некои луѓе како нашите шефови, колеги и роднини не можеме да ги избегнеме, но тоа не значи дека треба да се измачуваме со тоа како се однесуваат. Не сме должни да трпиме ничие однесување, ниту пак било кому да полагаме сметка за тоа какви сме. Кога некој се однесува лошо кон нас, тоа повеќе зборува за другата личност отколку за нас самите.

Не можеме да влијаеме на тоа што ни се случува

Да, некои ситуации се надвор од нашата контрола, но на многу од нив сепак можеме да влијаеме. Не мораме да седиме во лоши пријателства и лоши врски и не мораме да го прифаќаме и да се трудиме да го разбереме однесувањето на другите луѓе. Изборот е наш. Треба да се потсетиме дека животот е краток за постојано да правиме компромиси со луѓе кои не го заслужуваат тоа.

Љубовта може да не излечи

Љубовта е убаво чувство и да се биде во врска е одлично, но ако не се чувствуваме добро сами, нема да бидеме среќни и покрај друга личност. Можеме долго да филозофираме, но среќата доаѓа од нас самите и друга личност не може да ни го донесе тоа или пак да не поправи онакви какви што сме.

Наша вина е што луѓето се однесуваат така со нас

Не е наша вина што луѓето имаат сопствени искуства и комплекси кои влијаат на тоа како се однесуваат кон другите луѓе. Не е наша вина што се некултурни кон нас или кон другите. Одговорни сме само за нашите дела и за тоа какви личности сме ние самите кон другите. Останатото не е наша одговорност, ниту пак вина.