4 карактеристики на луѓето родени во октомври

Луѓето кои се родени во октомври се многу одговорни кога станува збор за работата, а исто така се и многу романтични во љубовта.

Ова се неколку факти за родените во десетиот месец од годината.

Романтични и шармантни

Родените во октомври се шармантни и романтични личности со кои владее Венера. Тие се познати и како миротворци, личности кои со својата харизма можат да бидат фини и дипломатични.

Многу одговорни личности

Родените во овој месец се карактеризираат со силна одговорност. Тие се оние кои секогаш ги исполнуваат своите ветувања и кои секогаш покажуваат најголема одговорност на работа или во друштво.

Нивниот цвет е невенот

Невенот е билка која може да порасне до 60 сентиметри и која е ценета поради своите лековити моќи. Невенот се користи за ублажување на рани, осекотини, убоди од инсекти, но и генерално ја прави кожата поубава.

Љубители на спортот

Тие се спортски типови поради изложеноста на мајките на сончевите зраци и витамин Д, во текот на бременоста. Тоа е причината зошто имаат и силни коски и мускули и ги обожаваат спортовите. Истражувањето спроведено во 2015 година покажува дека бебињата родени во октомври покажуваат значително подобри резултати на физичките тестови, за разлика од останатите бебиња.