3,5 кубни метри кабаст отпад се собрани викендов во општина Аеродром

На акцијата за собирање кабаст отпад, што се реализираше на 21.7.2017 и 22.7.2017 година во Општина Аеродром, беа собрани околу 3,5 кубни метри отпад.

 –Акцијата што се одвиваше речиси на целата територија на Општина Аеродром им овозможи на граѓаните да се ослободат од стар и неупотреблив мебел и електрични и електронски апарати од домаќинствата (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), а се реализираше во соработка со Град Скопје, поточно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, информираат од општината.

Исто така, постои можност ваква услуга граѓаните да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.