30 животни лекции кои ги научив од мајка ми!

Седењето со мајка ми во кујната, зборувајќи за се и сешто е еден од моите омилени спомени од детството. Таа не беше секогаш мајката која ќе седнеше на под да игра со нас, но секогаш беше тука за добар разговор. Дури и кога пораснав, секое саботно попладне одев кај мајка ми, седев на кујнската маса и зборувавме со часови.

Сега кога веќе ја нема, јас со себе ги носам нејзините животни лекции. Еве некои од нив кои секогаш ги носам близу до срцето.

1. Никогаш не се прави глупава за момче. Ако тој не може да се справи со паметна жена, тогаш тој не те заслужува.
2. И онака си доволно малечка. Никогаш не се смалувај себеси за туѓа удобност.
3. Целата љубов на овој свет нема да го промени оној кој не сака да се промени.
4. Демоните на човекот не се твои за да се бориш со нив.
5. Тоа што ќе кажеш „Не“ не значи дека си лоша личност.
6. Сите: семејство, пријатели, соработници – ќе зборуваат за тоа. И ти најверојатно ќе збориш за нив. Тоа не ги прави лоши луѓе.
7. Понекогаш најдобриот одговор на кавга е молкот.
8. Но, не дозволувај нечиј молк да направи да се сомневаш во својата вредност.
9. Никогаш не ја определувај својата вредност според тоа како те гледаат другите.
10. Вистинската сила е да умееш да простиш, дури и кога нема извинување.
11. Љубовта кон себе е најважната љубов, се додека не ја искусиш љубовта како мајка.
12. Да се биде љубезен е поважно од тоа да се биде во право.
13. Никогаш не го жртвувај твоето ниво за некој кој нема ниво.
14. Океј е да бидеш лута. Не е океј да бидеш сурова.
15. Ако имаш пријатели кои се грижат за тебе, тогаш ти си среќна личност, макар се броеле на прсти. Грижи се за нив.
16. Женските пријателства се најдобри пријателства.
17. Но, секогаш покрај себе имај и машки пријател за да те држи цврсто за земјата.
18. Во секој човек има нешто добро...пронајди го.
19. Твојата мајка е твоја најдобра пријателка, јавувај и се секој ден.
20. Ти си убава, ти си посебна. Твоето присуство ја осветлува собата. Не дозволувај никој да ти ја одземе светлината.
21. Секогаш држи ги стандардите на високо ниво. Не се помирувај само затоа што се плашиш да бидеш сама.
22. Секогаш имај Библија и кутија со алати во твојот дом.
23. Не се заљубувај во потенцијал. Ќе бидеш многу разочарана кога нема да се оствари.
24. Не мораш да се извинуваш за твоите хаотични делови, но не смееш да ги користиш како изговор за да не станеш подобра личност.
25. Не можеш да се грижиш за други луѓе ако прво не се погрижиш за себе.
26. Ако ти е потребно бегство, фати се за книга.
27. Никогаш не треба да престанеш да растеш и да учиш.
28. Кога ќе имаш деца, од тебе ќе зависи развивањето на врската со нив додека се млади. Кога ќе пораснат, на нив останува да ја одржуваат таа врска.
29. Само затоа што тој не те сака, не значи дека не можеш да бидеш сакана.
30. Тајната на животот е да им олесниш на другите луѓе.