30-тите години не се крај на светот!

Во своите разговори со пријателките, се почесто слушам: „Ама знаеш, ние  сега веќе имаме години, тоа не е прикладно.“

Понекогаш имам чувство дека луѓето мислат дека кога ќе влезеш во 30-тите, тогаш се треба да запре, се треба да ставиш во различни кутии и се мора да биде така организирано:  во едната кутија – стан, во другата кутија – работа од 8 до 16 часот, во некоја трета кутија – венчавка, маж, две деца...

Но, зошто? Од што се плашите? 30-тите години не се крај на светот! Зошто да не можам да запишам факултет на 30 години или да започнам некое хоби коешто сум го сакала отсекогаш? Зошто да не можам на 30 години да ставам тетоважа?

Кажете ми која е разликата помеѓу мојата летна авантура на 30 години и твојата потреба што поскоро да си најдеш идеален маж со совршена работа кој исто така сака дете затоа што неговите го очекуваат тоа од него?

Разликата е во тоа што јас сакам да живеам, сакам да создавам... Никогаш не вели никогаш, затоа што можеби на крајот, во целиот овој хаос од креативност, смеа и триесетгодишен пубертет, јас пред тебе ќе го најдам својот принц на бел коњ и ќе го добијам тоа мало човече кое ќе го промени мојот свет . Но, знаеш што?

Јас одлучив. Јас имам 30 години и ќе ги искористам...

Ќе го направам се она што не сум го направила досега...

Ќе уживам...

Повеќе нема да ми биде страв некому да кажам: „Не, јас тоа не го сакам...“

Повторно ќе фантазирам, ќе се смејам на сонцето, ќе си ги подарам себеси моментите кои мојата душа ги бара...

Во мојот балон се уште има место. Ако сакаш можеш да останеш во една од кутиите или да одлетиш со мене и да оставиш да се случи...

...среќа!