Владеењето на Водолијата трае до 19 февруари, ова е ризичен период за три од хороскопските знаци.
Рак – период на трансформација
Претходниот период, односно владеењето на Јарецот донесе големи промени на емоционален план за Раковите. Во секоја ситуација тие успеаја да најдат компромис и да ги искристализираат своите романтични желби, но овој пат Водолиите менуваат сè. Транзитот на планетите носи големи предизвици во љубовта, а многумина ќе направат големи грешки во односите поради наглите промени во расположението.
Шкорпија – опасни зборови
Сонцето во текот на овој период влегува во четвртата куќа која означува семејство, дом и емоционална стабилност. Ќе почнете да се фокусирате на својот мал свет и луѓето кои ги сакате. Но, ќе сакате и да се одвоите од некои членови на семејството или пријатели. Тоа се луѓе кои сметате дека се токсични и ви ја крадат енергијата. Овие одлуки може да се тешки и конечни, па затоа добро размислете.
Риби – скриени емоциии
Овој знак почнува да се чувствува осамено, изолирано и не успева да ја најде својата цел за време на владеењето на Водолијата. Сонцето моментално е во нивната 12. куќа што значи куќата на кармата и соништата. Не се изолирајте целосно и немојте да мислите дека другите не ве сакаат. Крајот на февруари ќе ви покаже дека грешите.