3 тешки лекции кои мораме да ги научиме во животот

Многу често, причината за нашето страдање лежи во нашето игнорирање на вистината. На многумина им е многу тешко да ги прифатат лекциите кои животот ни ги нуди во обидот да бидеме посилни личности.

Овие лекции имаат моќ да го направат нашиот живот подобар, помагајќи ни да ги надминете најтешките времиња.

Среќата не започнува со врска, одмор, работа или пари. Таа започнува со размислувањето за себеси.

Кога ќе прашате одредена личност „како си“, најчесто тие одговараат дека се добро. Многу ретко се случува некој да каже дека е одлично. Таквите луѓе често одговараат искрено и со ентузијазам, но ако ги прашаме што е тоа што ги прави среќни, тие ќе дадат едноставен одговор: Јас сум здрав, моите деца се здрави, имам чиста вода  и дом за живеење. Не ли е тоа доволна причина да се биде позитивен?

Разликата во таквото однесување е нејзиниот однос кон животот и изборот на зборови. Тие луѓе немаат многу повеќе од другите, но дефинитивно оставаат впечаток дека се подобри.

Затоа, обидете се да забележите која е разликата. Каков е вашиот став кон вашиот ден и кои се работите кои ве усреќуват, а кои се и оние кои ве прават да се чувствувате нерасположено. Изборот на зборови е клучен, но тој зависи од нашите мисли. Бидејќи вистината е во тоа дека ако не можеме да промениме нешто, можеме да го смениме начинот како да размислуваме за тоа.

Доколку сакате некаква награда во животот, тоа бара соодветен влог.

Најголемиот дел од луѓето го сакаат ризикот. Но, не може да се стигне до финалната дестинација без да се помине патот до неа. И, патеката секогаш има свој влог, барем време и енергија кои треба да се инвестираат во тоа.

Затоа, наместо да се запрашате себеси што е тоа што го сакате, запрашајте се: Од што можам да се откажам за да го добијам тоа што го сакам?

Размислете за тоа. Доколку сакате рамен стомак, треба да се откажете од мрсната храна, да одите секое утро или попладне на вежбање и да конзумирате здрава храна. Доколку сакате успешен бизнис, треба да се откажете од доцните излегуваања, да вложите пари и да се соочите со можноста да успеете или ризикот да не успеете.

Затоа, кога ќе си го поставите тоа прашање, така ќе стигнете до одговорот, дали вреди да се откажете од сите тие нешта за да го постигнете тоа што го сакате. Доколку вреди, неопходно е да донесете одлука дека тоа навистина вреди и што е тоа што треба да го направите.

Без оглед на тоа колку напорно работите, не можете да го имате тоа што го сакате.

Со текот на времето учиме дека не можеме да ги добиеме сите нешта кои ги сакаме. Но, ако обрнеме внимание ќе сфатиме дека понекогаш можеме да ги добиеме најдобрите нешта и сешак да се изгубиме во животот, не успевајќи да се носиме со тоа.

Затоа, многу е важно да си го поставиме прашањето: Кога да направиме компромис, а кога да продолжиме и да се бориме силно?

Не постои еден одговор на ова прашање, но најголемата вистина лежи во тоа да донесеме одлука што ни е навистина важно, а со самото тоа  ќе знаеме и што да направиме понатаму. Доколку навистина сакате нешто, најдете начин да се борите за тоа.