3 супернамирници кои треба да ги имате во домот

Австралискиот познат нутриционист Ли Холмс имала живот обележан со тегоби на хроничните болести, а откако и е дијагностицирана фиброамиалгија, таа вметнала одредени супернамирници кои и помогнале да се справи со оваа болест.

Лук

Лукот го поттикнува растот на белите крвни зрнца и е одличен борец против бактерии и вируси. Свежиот лук е најдобар избор ако сакате антибактериска и антивирусна алтернативна медицина. Исто така, се покажува дека лукот го намалува и лошиот холестерол и покачениот крвен притисок.

Ѓумбир

Низ вековите и до денес, ѓумбирот се користи за третирање мачнини, треска, како и подобрување на надуеноста и варењето. Дневното конзумирање ѓумбир придонесува за намалување на болката и воспалителните процеси предизвикани од остеоартритис.

Куркума

Нејзините лековити својства се потврдени и од научниците, а таа е одлична за лечење на воспаленијата и инфекциите во организмот. Куркумата го намалува и лошиот холестерол, со тоа што влијае како антиоксидант. Таа штити од маснотии, а го чува и нашиот организам од оксидацискиот стрес додека јадеме готвени и преработени јадења.