3 работи не смеете да им ги кажете на своите пријатели откако ќе ја завршат врската

Кога вашите пријатели ќе ја завршат врската, а особено кога ќе бидат оставени се во многу лоша фаза. Вашата улога е многу важна во тој момент, особено бидејќи тие минуваат низ тежок период, а потребни им се охрабрувачки зборови и гестови.

Но, постојат работи кои никако не смеете да ги кажете.

Тој/таа е идиот

Иако вие можевте да го видите тоа и сметате дека е вистина, сепак почекајте пред да го кажете тоа. Колку и да е болно раскинувањето, можеби постои простор за помирување. Со текот на времето ќе можете да разговарате со тоа, но на почетокот почекајте да видите зошто е завршена врската и колку простор постои за поправање на работите.

Ќе најдеш друг/а

Секако дека ќе најдат друга личност, но веднаш по раскинувањето не сакаат никој друг.Тие се повредени и потребно е да се соочат со болката од раскинувањето, а размислувањето за друга личност само им предизвикува стрес, особено бидејќи во таа фаза, тие мислат дека сите се исти.

Треба да се одмаздиш

Никој не сака да ги гледа своите пријатели тажни, и затоа некои работи кои ќе ги кажете се нормална реакција, но многу треба да бидете внимателни да не им создавате повеќе бес од тоа што го чувствуваат. Одмаздата не е решение.