3 работи кои треба да престанете да ги кажувате кога некој ви дава комплименти

Без оглед на тоа дали станува збор за пофалба од шефот за одличната презентација или комплимент од колегите за убавата облека, за многу луѓе тешко е да ги прифатат комплиментите.

Ако и вие сте една од тие личности, ова се 5 работи кои треба да престанете да ги кажувате кога некој ќе ви даде комплимент.

Навистина? Не знам баш

Ако кажете нешто вакво, тоа е прв знак дека не сте сигурни во себе или тоа што сте го направиле. Може и да делува како да барате уште повеќе комплименти.

Јас не мислам така

Размислете за тоа, комплиментот е како подарок. Некој се потрудил за тоа. Дали би одбиле подарок? Тоа би било навистина невкусно. Затоа, секогаш кога ќе ви дојде да речете “јас не мислам така“ наместо тоа кажете “благодарам“.

Ништо посебно не направив

Преземете сопственост на тоа што сте го направиле. Ако некој ви вели дека било добро, тогаш навистина било добро и не заборавајте дека сте вложиле напор во тоа. Кажете си себеси дека сте направиле нешто добро и дадете си boost  за понатаму.