Невозможно е да се замисли одлично тело без одличен задник. Добрат вест е тоа што не е потребно постојано да одите во теретана за да го постигнете ова, туку можете и да вежбате дома, но за тоа ви е потребни соодветните вежби.

Се што ви се потребно се пар тегови (или потешки книги), чергиче за јога и доволно силна волја за себе-подобување.

1. Основна вежба

Ова вклучува правење обични клекнувања. Раширете ги нозете, исправете го грбот и свиткајте ги нозете кај колената во седечка позиција и исправете ги рацете. Најважната работа е да најдете добар баланс и да ја распределите тежината на телото врз двете нозе, наместо само на едната нога.

2. Вежбата со тегови

За оваа вежба е потребно да стоите исправено, со пораширани нозе. Држете еден тег во секо рака и вашиот грб и раце нека бидат исправени и правете ги истите потези како во првата вежба. Прво користете полесни тегови, а потоа како што повеќе напредувате со вежбањето заменувајте ги со тегови од 3 или 4 килограми. Ако сепак се уште чувствувате замореност, повторно вратете се на полесните тегови.

3. Комплексната вежба

Застанете исправено со пораширени нозе. Грбот нека ви биде исправен и вашите раце нека бидат позади вашата глава и вака правете ги клекнувањата.  Не го туркајте вратот нанапред со рацете и не ја навалувајте главата напред. Треба да почувствувате како ви се затегнуваат мускулите на грбот. Не треба да ги гледате вашие лакти.