3 чекори за ден без стрес и нервози

Во денешно време, не постои личност која не е изложена на некаков стрес, а свесни сме дека стресот во голема мера влијае негативно на нашето здравје.

Менувањето на навиките и воведување на рутини е многу тешко, но тоа е најдобриот начин за победа на стресот. На тој начин успеваме да го победиме стресот, да сме порасположени, но и покреативни и попродуктивни. Ова е тврдењето на Марк Меклофин, познат неврохирург од Америка.

Тој вели дека неговата утринска рутина е најдобриот борец против стресот. Таа се состои од 3 чекори.

Првиот чекор е резервиран за кратка медитација, вториот се однесува на проверка на обврските, а третиот на планирање. Тоа има огромна моќ да ни го смени животот од корен.

Медитацијата се однесува на 10 минути. Тоа е  еден вид на нега за самите себеси и е најважен дел од денот. Не треба да правите ништо посебно. Само дозволете си да седите 10 минути во тишина и да ги средите своите мисли.

Вториот дел е насочен кон собирање на мислите и потсетување на тоа што ни е важно во текот на денот.

На крајот доаѓа планирањето, односно правење распоред на сето она што е важно да го завршиме. Тоа се сите оние одговорности кои ги имаме и кои зависат од нас, а на кои мораме да се потсетиме за да бидеме продуктивни.