3 брзи совети кои ќе ви го променат животот

Победете го стресот, станете посилни и почувствувајте се сити за само неколку минути.

Многумина сакаат да го променат својот живот, но преземањето на таквиот чекор е сосема друга работа. Но, понекогаш некои мали чекори, како што е повеќе џвакање или мерење на притисокот на двете раце, може да имаат големо влијание врз вашиот живот. Прочитајте ги овие совети и почнете да живеете поздраво уште веднаш.

Победете ја тагата во неделните вечери

Во најновото истражување спроведено од monster.com, откриено е дека дури 81% од Американците ги фаќа блага депресија во недела вечер. Доколку и вие станувате нервозен или ве фаќа депресија пред новата работна седмица, одвојте 10 минути пред вечерата и направете неколку лесни вежби, или пак одвојте неколку минути психички да ги согледате работите кои ве очекуваат наредниот ден… Едноставните вежби може да ја истераат анксиозноста.

Мерете притисок и на двете раце

Не можете да се борите со срцевите заболувања со една рака. Новото истражување на Универзитетот во Бостон докажа дека доколку има разлика во крвниот притисок измерен на десната и на левата рака, постои поголем ризик да заболите од срцеви проблеми. Разликата од десет поени и повеќе може да биде показател за тесни артерии. Затоа секогаш мерете притисок и на двете раце.

Џвакајте повеќе, јадете помалку

Бавното џвакање на вашиот оброк може да го намали вкупниот внес на храна за дури 15%. Се што е потребно да направите е да го дуплирате бројот на џвакање на секој залак храна. Ова овозможува вашиот мозок полесно да го регистрира фактот дека веќе сте најадени.