28 лица затруени во сендвичaрницата „Седмица“

На Клиниката за инфективни болести во Скопје вчера се прегледани двајца пациенти затруени со храна од сендвичарницата „Седмица“ во Лептокарија, а стабилна е состојбата на хоспитализираните шест од 26. лица кои побарале помош откако јаделе во оваа сендвичарница.

- Прегледаните пациенти не се задржани во болница, а со подобрени симптоми во повлекување се претходно примените шест пациенти, информираат од Клиниката за инфективни болести.

Таму  се прегледани 14 пациенти, а само еден е примен на болничко лекување.

Со симптоми на труење по конзумирање храна од „Седмица“  за преглед на Клиниката се јавиле вкупно 28 лица, од кои тројца се префрлени во ГОБ „8-Ми Септември“.

Сендвичарницата е затворена, а по налог на Санитарната инспекцијата треба да се изврши нејзино темелно чистење, како и дополнителни здравствени прегледи на сите вработени.

Земени се мостри од храната, како и брисеви од работната површина и од вработените. Резултатите од микробиолошките анализи, според најавите, треба да бидат готови  денеска.