25 грешки кои не треба да ги направите до 25 години!

Младоста е време на побуна и потрага, па ако не ја искористите за да размислите за се, да се преиспитате, да истражувате, тогаш ќе остарете додека наполните 25 години. Внимавајте на овие работи, бидејќи можете да си ја уништите младоста.

1. Да прифатите каква било работа за да плаќате сметки и потоа да заглавите таму и во наредните години, а успевате само да ги платите сметките.

2. Да се забавувате со некој кој не ви нуди никаков предизвик и кон кои имате млаки чувства и потоа уште да останете со таа личност, затоа што се плашите дека нема да најдете никого и дека ќе останете сами.

3. Да го изберете образованието врз основа на желбите на вашите родители, следејќи ги нивните амбиции и притоа да ги игнорирате сопствените желби и страсти.

4. Да останете на едно место, кога навистина сакате да го истражувате светот.

5. Да одите и да истражувате, кога навистина сакате да останете таму каде што сте.

6. Да се врзете за оној дел од себе кој заборавил дека треба да експериментирате и да бидете љубопитни, да грешите и учите, да се менувате и да се развивате.

7. Да се опседнете со штедење и да заборавите да вложувате во радостите кои ги нуди животот, кои ви бегаат, исто како што и ви бега животот.

8. Да си велите себеси дека ќе се потрудите околу тоа што го сакате кога ќе бидете побогати, понезависни, поискусни, пообразовани и поподготвени.

9. Да ги засновате своите одлуки врз основа на стравот од неуспех, наместо на предизвиците за развивање на сопствените потенцијали.

10. Да ги сакате само луѓето за кои мислите дека има причини и смисла за да ги сакате.

11. Да не се обидувате да го составите вашето скршено срце, да се зацврстите преку искуството и да продолжите понатаму, туку чекате некој да дојде и да ве собере.

12. Да поминувате премногу време во жалење за безгрижните денови од детството и потполно да ја заборавите сегашноста и градењето на иднината.

Останатите грешки ќе ги најдете на втората страна...

13. Да се заљубите во некој поради кого се чувствувате лошо во однос на себе и да не развивате љубов кон себе и да се трудите да бидете некој друг, личност која мислите дека ќе и се допадне на личноста во која сте заљубени.

14. Да размислувате за тоа колку е животот неправеден и како не ви го дава тоа што го заслужувате, наместо да ги завратите ракавите и да се борите за тоа што ви треба.

15. Да очекувате дека животот секогаш ќе биде фер и да се лутите што не е.

16. Да дозволувате негативните чувства, импулси и испади да управуваат со вашиот живот, наместо вие да ги контролирате нив.

17. Да дозволите да се отсечете од вашите чувства, само поради стравот да не бидете повредени и да ја изгубите секоја шанса да воспоставите длабока поврзаност со другите.

18. Да дозволите стравот од исмевање да ве спречи да ја изразите својата автентичност.

19. Да се фокусирате на барање на кратокорочни и моментални задоволства, наместо на долгорочно исполнување и среќа.

20. Да бидете толку сосредоточени на целта, што ќе направите трка од животот. А и кога ќе стигнете на целта да не застанете да одморите, туку веднаш да трчате кон наредната цел.

21. Да се обидувате во односот со другите да го надоместите тоа што ви недостасува во односот кон себе и да добиете потврда, признание и прифаќање од другите.

22. Да се свртите толку многу кон себе што ќе мислите дека односот кон себе може да ви го надомести тоа што ви недостасува во односот со другите. Никако да најдете баланс.

23. Да играте само на сигурно. Никогаш не го преземате првиот чекор, освен ако сте сигурни дека ќе ви успее. А тоа се случува многу ретко.

24. Да се штитите себеси од неуспех со тоа што не преземате никакви ризици и пропуштате да ги добиете лекциите од кои сте можеле толку многу да научите.

25. Да не застанете и да размислите за тоа дали и на кој начини можеби го саботирате својот живот.